Зошто постојат повеќе раси на кучиња отколку на мачки?
Дали некогаш сте се запрашале зошто има различни раси кучиња, додека мачките сите имаат практично исти физички карактеристики?
Кога се работи за домашни миленици, мачките се разликуваат во боја, должина на влакна, боја на очи и други ситни разлики. Било да се работи за персиска, сијамска, руска сина мачка, бенгалска или домашна, сите имаат слични карактеристики. Но, можете ли да споредувате корги, златен ретривер, пудлица и булдог? Сосема се различни.
Според една теорија, одговорот лежи во должината на периодот во кој овие животни се припитомуваат, како и нивната примарна. Кучињата имаат околу 9.000 години предност. Селективното одгледување ги „произвело“ денешните видови мачки и кучиња.
Бројките велат дека постојат 42 видови припитомени мачки, додека кучиња има 190 раси или според Светската организација на кучиња, 340, заедно со дивите видови.
Селективното одгледување, кога се кучињата во прашање, било наменско, со цел да се добијат силни единки со одредени карактеристики, за богба, за чување имот, влечење санка и т.н. Затоа и има одделни раси на кучиња, кои всушност се слични едни на други.
Мачките пак, отсекогаш биле чувани како домашни миленици и кај нив не се јавила потреба да се вкрстуваат видови и раси, бидејќи нивната задача е да предат, да се галат и можеби да уловат некој глушец.
Е. Д. | Црнобело