Каква храна смеете да ѝ дадете на мачката, а која не смеете по никоја цена?

Нема ништо потрогателно од она кога мачката неодоливо ве гледа додека јадете, а вие сте подготвени да ѝ ја отстапите целата храна.

kakva-hrana-smeete-da-i-dadete-na-machkata-a-koja-ne-smeete-po-nikoja-cena-01.jpg

Но, она што треба да го имате на ум е дека не секоја храна која е добра за луѓето, е добра и за вашето милениче. Напротив, основна храна на мачката треба да биде храната која е специјално наменета за неа.

Сепак, некогаш можете да попуштите и да ѝ дозволите да вкуси и од вашата храна и тоа:

Месо

Во овој случај важи правилото дека ако не го јадете вие, не треба да ѝ го дадете ниту на мачката. Било да е свинско, пилешко или дивеч, треба да биде сварено и во мала количина.

Житарици

Многу мачки сакаат пченка, пченица и кафеав ориз, добро сварени и измешани во нивниот месен оброк. Никогаш не им давајте несварени зрна. Можете да ги послужите и со варена палента или кус-кус.

kakva-hrana-smeete-da-i-dadete-na-machkata-a-koja-ne-smeete-po-nikoja-cena-02.jpg

Риба

Доколку сака и прифаќа, можете на вашата мачка да ѝ давате добро зготвена риба или пак конзервирана. Но, тоа треба да биде 2-3 пати месечно. Живата риба не е добра идеја.

Јајце

Тврдо сварено јајце нема да ѝ наштети на вашата мачка, туку ќе ѝ биде и добар извор на протеини. Единствено може да не ѝ се допадне вкусот.

kakva-hrana-smeete-da-i-dadete-na-machkata-a-koja-ne-smeete-po-nikoja-cena-03.jpg

Зеленчук

Зеленчукот богат со растителни влакна ќе ја подобри дигестијата кај мачките. Она што може да биде проблем е што мирисот и вкусот воопшто не им се привлечни. Измешајте варен грашок или морков или брокула во месниот оброк.

Во никој случај не треба на мачките да им давате живо месо, јајца или риба, ниту пак сушено овошје. Штетни за нив се и кафето и газираните сокови, чоколадите и другите десерти, лук, кромид, јатки или неиспечено тесто. Што било од ова може да предизвика стомачни проблеми кај вашето милениче, па дури и да биде отровна за нив.

kakva-hrana-smeete-da-i-dadete-na-machkata-a-koja-ne-smeete-po-nikoja-cena-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg