Храна која вашето куче смее да ја јаде и може да му ја давате
Ако чувате куче, тогаш знаете дека може да биде љубопитно и да ве гледа со милни очи додека да му дозволите да проба од вашата храна. Но, тоа не е секогаш паметен избор.
Кучињата јадат многу намирници, но не сите се добри за нив. На пример, избегнувајте да им давате кромид, чоколади, грозје или гуми за џвакање.
Но, постојат и такви намирници кои луѓето редовно ги јадат, а кои не се штетни за кучињата. Напротив, може да бидат и корисни и да го збогатат нивниот вообичаен оброк.
Моркови
Можете да им ги давате свежи како грицки, или сварени како додаток на конзервираната храна или вареното месо. Но, не претерувајте, бидејќи содржат многу скроб.
Путер од кикирики
Иако не смеете да го давате во големи количини, воопшто нема да наштети ако 2-3 пати неделно додадете путер од кикирики во нивната храна или им дозволите лизнат од лажица.
Јајца
За да бидат безбедни за вашето куче, потребно е јајцата да се тврдо сварени. Можете да им ги давате наутро, со првиот оброк.
Лосос
Лососот може да се најде како состојка и во конзервираната храна за кучиња. Но, ако додадете парче сварен лосос во храната, тогаш омега-3 масните киселини ќе го подобрат квалитетот на нивните влакна и нокти.
Лубеница
Иако е блага, количината на вода го поништува дејството на шеќерот што го содржи. Така, едно парче лубеница на вашето куче ќе му обезбеди и разладување и хидратација.
Грашок
Грашокот може да се најде како состојка и во храната за кучиња и за мачки. Пире од грашок или цели зрна се одличен додаток за храната за вашето милениче, што ќе ги држи подолго време сити.
Јаболки
Јаболките се богати со витамини, минерали и антиоксиданси и за луѓето и за кучињата. Единствено што треба да внимавате е вашето куче да не јаде од семките. Најдобро е да го исечете јаболкото на парчиња и веднаш да ја фрлите срцевината со семки.
Сладок компир
Сварен сладок компир исто така е одличен додаток на кучешката храна. Богат е со витамин А и лесно се вари во организмот. Количината на сладок компир во оброкот треба да биде една третина од вкупната количина.
Ориз
Оризот нема многу нутритивни вредности за кучињата, но е добар во случаи кога имаат болки во стомакот или проблеми со столицата.
Е. Д. | Црнобело