Дали би се откажале од вашата работа за да чувате мачки на грчки остров?
Тиркизна вода, мир, тишина и љубов од 55 мачки... Звучи подобро од 8 часа пред компјутер?
Не е важно колку многу ја сакате својата работа, веруваме дека оваа е подобра. Замислете само работниот ден да ви се состои од грижа за 55 мачки на прекрасен грчки остров.
Засолништето „God’s Little People Cat Rescue“ на островот Сирос бара човек кој дневно ќе ги храни мачките, ќе им дава лекарства и ќе ги негува со љубов.
Исто така, треба да знаете да возите за да можете да ги носите мачките на ветеринар во случај на потреба.
Работата е совршена за некој што е вљубеник во животните, природата и мирното темпо на живот.
Како замена за вашата грижа за мачките ќе добивате бесплатен престој во мала куќа со градина, подмирени сметки за струја и вода и мала плата.
Работата е долгорочна и треба да потпишете договор на најмалку 6 месеци и да започнете од октомври.
Дали ова ви изгледа како работа од соништата на место од соништата?
С. С. | Црнобело