Тест од 5 секунди открива дали надвор е прежешко за прошетка на вашето куче
Кога надвор е многу жешко на нашите крзнени домашни миленици им е потребно повеќе внимание. Ние како сопственици сме тука да им помогнеме полесно да ги поднесат високите температури.
Тоа значи дека треба да внимаваме во кој дел од денот го носиме кучето на прошетка.
Доколку не сте сигурни дали надвор е прежешко за прошетка, овој генијален трик од пет секунди ќе ви помогне да дознаете.
За време на најголемите летни горештини, кучето треба да се носи на прошетка рано наутро или доцна навечер кога вжештениот воздух станува поподнослив. Но, кога е најдоброто време за попладневна прошетка на вашето милениче?
Со многу едноставен трик можете да откриете дали е премногу топло за кучето да седи надвор: Ставете ја горната страна од дланката на плочникот и доколку не можете да ја држите така пет секунди, значи дека е прежешко за прошетка.
Доколку плочникот е прежежок за вашата дланка, значи дека е претопол и за кучешките шепи, односно за прошетка по асфалт.
(О)Милена | Црнобело