Куче на кое сурфањето му е терапија по преживеан ужасен напад стана Инстаграм ѕвезда
Џоџо е закон куче... Покрај тоа што сурфа на бранови, обожава да се сонча, да прави хумани дела и да позира.
Џоџо е талентирано 8-годишно куче од расата велшко корги, кое сурфа веќе 3 години.
Неговите сопственици објаснуваат дека необичното хоби на неговиот миленик е еден вид на терапија, откако кучето доживеало трауматичен напад. Џоџо бил нападнат од две кучиња и едвај преживеал.
Имал низа операции и потоа почнала хидротерапијата, кога Џоџо почнал да минува часови и часови на плажа со своите сопственици.
Под калифорниското сонце научил да сурфа на брановите и станал вистинска атракција.
Сега работи како куче за терапија и волонтира во полицијата, болниците и помага на постари лица. На неговиот профил на Инстаграм има повеќе од 76.000 следбеници.
Дел од неговите забавни фотки:
С. С.| Црнобело