Зборувањето со вашето милениче е знак на интелигенција

Следниот пат кога некој ќе ве обвини дека сте чудни затоа што му се обраќате на вашето милениче како на човек, замолете ги да ги проверат фактите. Можеби и вие понекогаш се прашувате зошто се однесувате вака.

Zboruvanjeto-so-vaseto-milenice-e-znak-na-inteligencija-01.jpg

Но, што доколку постојат научно докажани факти дека вашата навика да зборувате со вашите миленичиња или дури и растенијата е знак на висока интелигенција?

Вие не сте луди, вие сте само паметни. Овој процес се нарекува антропоморфизирање, што значи припишување на човечки особини, чувства или намери кон нечовечки ентитети.

Николас Ели, инструктор на Универзитетот во Чикаго кој истражува во областа на науката во однесувањето вели дека „Историски гледано, антропоморфизацијата се третира како знак останат од детството или глупост, но всушност е природен нуспроизвод на тенденцијата што ги прави луѓето уникатно паметни на оваа планета“.

Способноста да се согледаат нечовечките нешта како човечки се нарекува антропоморфизам. Обично, кога децата го прават тоа, сметаме дека е симпатично, но кога возрасните го прават тоа истите се доживуваат намуртено и чудно.

Експертите за антропологија сметаат дека перцепцијата на човечките особини кај животните, растенијата или дури и предметите е одлика на интелигентност.

Иако именувањето на милениците и неживите предмети е најпопуларен начин за истакнување на антропоморфизирањето, тоа не е и единствениот начин.

Давајќи им карактерни црти на вашите миленици, исто така, спаѓа под терминот антропоморфизам. Обраќајќи му се на кученцето како кон „бебе“ или мислењето дека твојата мачка е „вистинска умница“, се само дел од знаците дека вие не сте чукнати, ниту луди, туку само мошне интелигентни.

Човечкиот мозок е прилично комплициран, но обидот да се пронајдат човечки особини во неживи предмети како што се автомобилите, пенкалата, играчките или слично, е знак за креативноста на вашиот мозок. Миленичињата секако, не се никаков исклучок.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg