Тајванското село Хоутонг е сон за љубителите на мачки (фото)
Во селото живеат многу повеќе мачки отколку луѓе и луѓето се трудат на мачките ова место да им го направат убаво место за живот.
Хоутонг е мало ридско село во Тајван и е дом на стотици мачки. Во него се собираат волонтерски групи кои им нудат поддршка на мачките и им организираат вакцинација и ветеринарска грижа.
Во ова село во кафулињата, рестораните и по улиците насекаде има знакови со мачки, кои посочуваат колку жителите се горди на мачките што живеат заедно со нив.
Моментално популацијата на мачки во Хоутанг е двојно поголема од онаа на луѓе и милиони туристи одат секоја година за да ги видат.
Како изгледа прекрасното село, кое е рај за сите љубители на мачки:
С. С. | Црнобело