Комични илустрации: Дали кучињата можат да забележат кога не носиме облека?
Веројатно и вие некогаш сте се прашале дали вашето куче забележува дека не носите облека на себе, па се борите со бањарката уште пред да влезете да се истуширате, од страв да не го истрауматизирате.
Според едно истражување направено во Нов Зеланд, било констатирано дека кучињата реагираат на различни типови облека, меѓутоа тие воопшто не се однесувале поинаку пред човек кој носи и човек кој не носи облека на себе.
Вниманието на кучињата најчесто го привлекувале ленти на облеката, блиузи со долги ракави со шари, а додека пак на луѓето кои биле облечени во црна едноставна кошула не реагирале со посебно воодушевување.
Кучињата немаат чувство на приватност, што е и логично да се очекува од суштество кое ја извршува својата нужда во дворот на комшијата. Па, зарем мислите дека, со оглед на ваквото нивно однесување, тие се во состојба да ве осудат доколку ве начекаат како од мајка родени?
Дефинитивно не!
Сепак илустраторите Ендру Бригман и Карина Фарек одлучиле на еден комичен начин да ја прикажат целата оваа, за луѓето, непријатна ситуација, а како изгледа тоа погледнете во продолжение:
С. У. | Црнобело