Детергенти, лекарства, железни парички: 10 најопасни работи за вашиот миленик во домот

Лекарствата, детергентите, како и некои хранливи продукти, се вистинска опасност за вашето куче или маче.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-11.jpg

Чувањето миленик е голема одговорност и не се сведува само на хранење и шетање. Прво што треба да направите кога ќе земете миленик е да проверите дали вашиот дом е соодветен за миленичиња.

На овие работи треба да внимавате затоа што тие претставуваат огромна опасност за вашиот крзнен пријател:

Пица

Некои филови на пица се опасни за вашите миленици, особено оние што содржат кромид, лук и сирење. Одредени видови сирења се во ред за него, но оние што најчесто ги ставаат во пиците се со високо ниво на лактоза што не е здраво.

Натриумот во пицата е уште една опасност што може да биде фатална за вашиот миленик.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-02.jpg

Лекарства

Листата на лекарства, кои треба да ги чувате на страна од вашиот пријател на четири нозе, е огромна. Некои од нив може да предизвикаат оштетување на црниот дроб кај кучиња или анемија кај мачките и да биде фатално.

Вашите апчиња секогаш чувајте ги на недостапно место за вашиот миленик затоа што може да падне во искушение од нивните мали, сјајни обвивки.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-10.jpg

Чоколадо, кафе, кофеин

Шолја кафе и парче чоколадо можеби е витално за вас наутро, но тоа може да биде фатално за вашиот миленик. Сите овие продукти содржат супстанција отровна за домашните миленици наречена метилксантин (ја има во какаото).

Консумацијата на оваа супстанција може да предизвика задишаност, повраќање, па дури и смрт. Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш повикајте го ветеринарот.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-09.jpg

Грозје и суво грозје

Овие вкусни закуски треба да се остават за луѓето бидејќи содржат високо ниво на токсични материи за миленичињата. Јадењето, дури и мала количина од нив, може да резултира со повраќање, откажување на бубрезите и летаргија.

Опасните прехранбени продукти чувајте ги доволно високо, за да го спречите вашето куче да ги досегне.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-08.jpg

Алкохол

Ако го сакате вашиот миленик, тогаш никогаш не му давајте алкохол.

Може да му направи иста штета на црниот дроб и бубрегот, како кај луѓето, и да резултира со абнормално ниво на киселина во крвта, намалена координација, кома и срцева слабост, па дури и смрт.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-07.jpg

Кромид, лук и коприва

Осигурајте се дека овие производи никогаш не се оставени на место каде лесно може да ги досегне вашето домашно милениче.

Тие може да предизвикаат гастроинтестинална иритација и оштетување на црвените крвни клетки, што резултира со анемија.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-06.jpg

Инсектициди

Држењето на инсектите на страна од вашиот дом е одлично, но не на сметка на здравјето на вашето домашно милениче. Хемиските супстанци содржани во инсектицидите се токсични за миленичињата и може да резултираат со напади, хронична анорексија и мускулна слабост, која може да трае денови, па дури седмици.

Секогаш држете ги инсектицидите надвор од дофат на вашето домашно милениче.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-05.jpg

Метални предмети

Железните парички и други мали метални предмети може да бидат проголтани од вашиот миленик без никаква штета, но не и тие што се направени од цинк.

Ако цинкот дојде до стомакот на вашиот миленик, може да биде апсорбиран од крвотокот и да доведе до оштетувања на црниот дроб и бубрезите.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-04.jpg

Детергенти

Повеќето детергенти се состојат од хемикалии кои можат да доведат до огромни штети како задушување и повраќање.

Најголемиот проблем кај нив е што тие изгледаат како играчка и мирисаат добро, па го мамат вашиот миленик.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-03.jpg

Средства за хигиена

Научете ја оваа листа на памет: средства за чистење на рерната, тоалетите, хемикалиите за базени итн.

Овие производи можат да предизвикаат хемиски изгореници ако се консумираат или ако дојдат во допир со кожата или крзното на вашиот миленик. Од летаргија до треска, листата на опасности е долга.

10-najopasni-raboti-za-vasheto-mileniche-vo-domot-01.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg