Лилјаците се слепи, кучињата се потат: Лажни факти за животните во кои веќе не треба да верувате
Некои животни имаат неверојатни способности на кои луѓето им се восхитуваат.
Сепак, постојат и многу митови за животните во кои веруваме, но не се воопшто точни.
Ова се неколку грешни факти за животните во кои треба да престанеме да веруваме:
На кучињата им се поти телото
Всушност, тие не се потат. Кога им е топло тие го вадат надвор јазикот и дишат тешко.
Лилјаците не гледаат ништо
Се верува дека лилјаците се слепи и дека затоа тие се водат по звуците додека летаат, но тоа не точно. Тие имаат вид но не е толку изострен.
Луѓето може да голтнат пајачиња во сон
Човечката уста, од која излегува воздух, како и грчењето и кивањето одвреме-навреме, ги плаши многу пајаците.
Овците се глупави животни
После ова, споредувањето нечија глупавост со на овцата, може само да биде комплимент. Докажано е дека овците се доволно паметни за животни. Тие препознаваат човечки лица, реагираат на нивното име, памтат бои и објекти.
Златните рипки имаат кратка меморија
Митот дека меморијата на златните риби трае не повеќе од 3 секунди е насекаде распространет. Но, ученици од Јужна Австралија спровеле експеримент кој докажува дека нивната меморија може да трае со месеци, што им помага да најдат храна и да избегнат опасност.
Здравата мачка треба да има влажен и ладен нос
Топлиот и сув нос на мачката не е причина веднаш да ја однесете на ветеринар. Причината за ова може да биде топлина или пролонгиран сон и не мора да значи дека не е здрава. Треба да се загрижите ако кожата почне да се суши, губи апетит и има проблеми со спиењето.
Пантерот е посебен вид на мачка
Всушност, научниците го користат поимот „црн пантер“ за да ги означат леопардите со посебна црна боја. А, не постои еден посебен вид на пантер како животно. Тие се род на фамилијата мачки и во него спаѓаат животни како тигар, леопард, лав и јагуар.
М. М. | Црнобело