11 животни кои нема да верувате дека постојат
Природата е преполна со изненадувања. Тешко е да се поверува какви сè живи суштества ја населуваат планетата Земја.
За следниве животни веројатно никогаш претходно не сте слушнале.
Разновидноста на нашиот прекрасен свет никогаш не престанува да нè изненадува.
1. Или Пика
Ова симпатично и неверојатно ретко животно е познато и како „магичен зајак“. Неодамна е фотографирано за првпат во 20 години. За првпат е забележано во планинските предели на Кина.
2. Пинокио жаба
Кога машкиот вид од оваа жаба се обидува да го привлече вниманието на женскиот пол, или кога чувствува опасност, го подигнува својот нос нагоре.
3. Мајмуни со рамен нос
Овие примати за прв пат се откриени во 2010-та година во северниот дел на Бурма (Мјанмар).
4. Розова риба со облик на рака
Пред неколку години научниците откриле 14 видови на риби, со перки во облик на рака, од кои 9 се во опасност од истребување.
5. Бели лилјаци од Хондурас
Овие малечки бели лилјаци се хранат со овошје и можат да пораснат само до 4,7 сантиметри во должина.
6. Дамбо октопод
Овој жител на морето својот прекар го добил поради своите две перки, кои потсетуваат на ушите на слончето Дамбо од анимираниот филм.
7. Планктон салпингит
Овој планктон се храни со јаглеродниот диоксид од водата и има безбојно тело. Можеме да му бидеме благодарни, бидејќи го намалува нивото на јаглерод во водата и во воздухот.
8. Скакулец со розови очи
Овој скакулец со изразито розови очи, живее на висорамнините и во планинските предели на Пацификот.
9. Кинеска Албино желка
Овие малечки желки ги користат своите долги вратови и ноздри за да можат да дишат под водата.
10. Лилјак со цевчест нос
Овој лилјак со карактеристични очи и нос е откриен во 2009-та година, во шумите на Папуа Нова Гвинеја.
11. Делфинот од реката Амазон
Младите делфини од Амазон, познати и како розови речни делфини, имаат сива боја која со текот на стареењето станува розова.
М. С. | Црнобело