Ретриверот кој обожава да гушка непознати луѓе
Во Челзи, Њујорк живее Лобутина, неодоливиот златен ретривер кој има Инстаграм профил и над 58.000 следбеници.
Името ѝ е дадено според францускиот дизајнер на чевли, а секој ден поминува 2 часа во шетање и прегрнување на сите луѓе кои ќе ги сретне на улица.
„Шетањето со неа, не е обично шетање, туку шетање за делење на прегратки“ - вели 45-годишниот сопственик, Фернандез-Чавез.
„Многу луѓе велат дека нејзината прегратка знае да им го направи денот поубав, посебно кога имале непријатни моменти на работа“ - додава таа.
Сè започнало на Валентајн уште во 2014-та година кога сопственикот ја прекинал врската, а Лобутина била тука да го теши.
„Почна да седи со двете предни шепи нагоре и да ме прегрнува со нив“ - објаснува сопственикот.
Денес, топлите прегратки ги дели со целиот свет:
Н. Г. | Црнобело