Што да правите, а што не, ако ве нападне куче?

Секој може да биде мета на куче кое претходно било удрено или измачувано, па сега не им верува општо на луѓето.

sto-da-pravite-a-sto-ne-ako-ve-napadne-kuce-1.jpg

Сосема нормално е да се исплашите во таква ситуација, кога бесно куче ви покажува заби, но важно е да останете присебни и да го направите следново:

1. Останете спокојни и мирни

Кучињата можат да го намирисаат човечкиот страв. Секако дека е тешко да останете смирени пред агресивното куче, но барем престанете да удирате со рацете, да мавтате и да се обидувате да избегате. Овие акции само му даваат дополнителен сигнал дека треба да нападне.

2. Забавете го одењето

Ако кучето се стрча во ваш правец, инстантно забавете ја брзината со која одите. Да, забавете! И променете ја насоката полека, внимателно, со скришно ѕиркање. Забавувањето на движењата ве прави неинтересни и повеќе не сте предизвик.

3. Избегнувајте контакт со очите

Тоа само повеќе ќе го разлути кучето. Држете го на вид, со повремено ѕиркање, но никогаш не го гледајте во очи.

4. Соблечете ги чевлите

Ако гледате дека целта на кучето се вашите нозе, соблечете ги чевлите и дајте му ги да ги гризе. Буквално оставете ги пред него, па додека е зафатено, полека извлечете се од неговиот вид.

5. Викнете му самоуверено

Ако кучето после сè покажува агресија, време е да се однесувате надмено. Важно е да звучите самоуверено и гласот да не ви трепери, ниту пак да врескате. Ефективно би било доколку викнете „Не!“ или „Назад!“ со длабок тон.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg