Најголемото куче во светот: Германската дога - повисока од просечен НБА кошаркар
Масивното куче Фреди од Есекс, Источна Англија, официјално го освои Гинисовиот рекорд за најголемо куче во светот.
Фреди е од расата Германска дога има 4 години, 92 килограми, висок е 228 сантиметри и посебно ги обожава масите. Досега има изгризено дури 23 маси на неговата сопственичка.
Бидејќи Фреди е масивен, тоа значи дека неговата сопственичка, Клер Стоунмен, троши многу пари за да го прехрани и негува. Поточно, 14.813 евра годишно.
Таа исто така, одвојува 40 минути во текот на денот за прошетка и внимава да не се сретне со кучиња кои можат да бидат исплашени од него.
„Ако реши да трча, јас нема да можам да го сопрам“ - вели госпоѓицата Стоунмен која е висока само 162 сантиметри и има 41 година.
Стоунмен има две кучиња, Фреди и неговата сестра Флор и за нив вели: „Како деца ми се, бидејќи никогаш не добив свои деца. Не можам да си го замислам животот без нив. Знам дека сум им потреба и тоа многу ми годи.“
Н. Г. | Црнобело