Вашето куче ги памти работите кои ги правите заедно

Конечно, научниците можеби го имаат одговорот на прашањето што си го поставува секој сопственик на куче: Дали Вашето милениче ги памети работите што ги правите заедно?

Vaseto-kuce-pameti-mnogu-povekje-otkolku-sto-mislite-01.jpg

Kај луѓето, можноста свесно да се сеќаваат на лични искуства и настани се смета дека е поврзано со самосвеста. Самосвеста го обликува начинот на кој ние размислуваме за минатото – и како ја предвидуваме иднината.

Ново истражување покажува дека кучињата го имаат истиот вид на меморија, посочувајќи дека талентот е почест кај други животни, наместо како што порано се сметало.

Истражувањето отсликува еден „креативен пристап со кој се обидуваме да сфатиме за што всушност размислува кучето“.

Идејата дека животните можат свесно да се сеќаваат на работи коишто веќе ги направиле или ги посведочиле во минатото или таканаречена епизодна меморија, е контроверзно – главно поради тоа што овие животни не се самосвесни.

Но, научниците покажале дека животинските видови како што се западната чучулига, колибрите, стаорците и мајмуните – оние коишто треба да се присетат на сложени секвенци од одредени информации за да преживеат - поседуваат меморија „слична на епизодната“. На пример, чучулигите се сеќаваат каква храна сокриле, каде ја складирале, кога го направиле тоа и кој ги гледал кога го правеле тоа.

Но, што е со сеќавањето на работи коишто не се неопходни за преживување или пак нечие друго однесување?

За да откријат дали кучињата може да се присетат на такви детали, научниците побарале од 17 сопственици да ги научат нивните миленичиња на еден трик наречен „прави како што правам јас“. Кучињата, на пример, научиле дека кога ќе видат дека нивниот сопственик скока и тие треба да го направат истото кога сопственикот ќе им „нареди” да го сторат тоа!

„Но, тоа не доволно за да се докаже постоењето на епизодна меморија. Треба да ги тестирате тогаш кога најмалку очекуваат.“

Па така, на следното тренирање, сопствениците ги учеле нивните кучиња да легнат откако сопствениците правеле сосема поинаква работа, како на пример отворање на чадор или качување на стол. Од нив веќе не се барало да го имитираат сопственикот.

„И тогаш ги изненадивме“. Сопственикот повторно направил одредена работа, но овој пат откако кучето легнало, сопственикот му наредил „Направи вака!“ Тогаш кучето требало да се присети што направил сопственикот, иако тоа не очекувало дека треба да ја запомни активноста. Кучињата биле тестирани на овој начин во период од 1 минута и 1 час откако гледале што прават нивните сопственици.

Кучињата го поминале тестот со 33 успешни од вкупно 35 обиди. Ова укажува на тоа дека кучињата поседуваат меморија слична на епизодната меморија, но колку подолго чекаат, толку потешко се сеќаваат на активноста.

Тоа е слично на човековата епизодна меморија, којашто ја снемува многу побрзо кога одреден настан не е намерно запомнет, велат истражувачите. На пример, поверојатно е дека ќе го запомните првиот бакнеж отколку прегратката од Вашиот брачен другар од минатата недела.

Ова покажува дека нашите кучиња паметат настани слично како и ние, и ова го побива стариот начин на размислување којшто повеќето научници би го карактеризирале како животинска меморија.

Меморијата на нашите кучиња не се заснова само на повторување и награда.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg