Приказна за едно несреќно кутре со среќен крај (видео)
Чудно е како чувствителноста и сочувството се карактеристики кои понекогаш отсуствуваат од карактерот на луѓето. Уште почудно е ако тоа го забележите кај деца.
Еден ваков настан е она кое во изминатите неколку дена сè повеќе и повеќе се шири на социјалните мрежи.
Настанот се случил во Турција, каде група деца фатиле и злоставувале куче, така што најнапред го измачкале со индустриско лепило а потоа го влечеле низ кал.
Кученцето, кое го добило името Паскал, одвај можело да се движи заради претрпениот страв и реакцијата која ја предизвикало лепилото врз неговата кожа кога било спасено од страна на членовите на добротворната организација „He’Art of Rescue“ кои го пронашле исфрлено на индустриски имот во предградието на Истанбул.
Силните хемикалии од лепилото и нанеле голема штета на неговата кожа, па ветеринарите морало целосно да го отстранат неговото крзно, кое заради лепилото и калта било цврсто како цемент, за да може да му ги излекуваат раните и да му се обнови кожата.
Сепак Паскал бил силен борец и во ниту еден момент не се откажал. По само едномесечно лекување разликите се и повеќе од забележливи.
И покрај претрпениот терор и повреди Паскал им верувал на ветеринарите и без никакви проблеми им дозволувал да се грижат за него.
Нур Рима Јола, еден од основачите на добротворната организација изјавил:
„Паскал беше во навистина лоша состојба кога првпат го видов во кутијата. Не се движеше, беше смрзнат, многу исплашен и истрауматизиран. Откако му беше отстрането лепилото цел ден беше во шок и чудење. Штом некој ќе се доближеше до него веднаш исплашено ги вртеше грбот. Од ден на ден неговата состојба стануваше сè подобар, се навикуваше на ветеринарите и на контактите со луѓе. Дури и стана најдобар пријател со еден од ветеринарите.“
Сè почесто се случува да забележиме вакви настани, без оглед дали кај нас или во друг дел од светот. Активистите за животински права постојано укажуваат на тоа дека луѓето кои ги повредуваат животните треба да се казнат и, земајќи го конкретниот пример во прашање, навистина имаат право.
Приказната на Паскал е приказна со среќен крај и има за цел да ве поттикне да правите вакви и слични добри дела:
М. С. | Црнобело