Човекот и мечката кои се најдобри пријатели веќе 23 години
Џим Ковазик и Џимбо се пријатели веќе 23 години.
Џимбо за првпат пристигнал во домот на Џим и Сузан во како повредено бебе кое морало да се рани со цуцла за да преживее.
„Способен е да си игра цел ден, ако имаш време да му посветиш“ - вели Џим.
Инаку, покрај 11-те мечки за кои се грижи Џим, во неговиот центар за грижа на животни тој се грижи и за верверички и елен.
Видеата од Џим и Џимбо како се гушкаат секојдневно имаат по милиони прегледи, но истите не им се допаѓаат на експертите кои тврдат дека нивното пријателство може да биде опасно по животот на Џим.
Нивното мислење е дека близината со дива мечка може да биде екстремно опасна по вашиот живот.
Но, тоа не го тврди и Џим.
Тој вели дека: „Ако се среќни и задоволни, ќе го знаете тоа.“
Н. Г. | Црнобело