Стационар направи посебна дневна соба за скитниците кучиња да се чувствуваат како дома
Животот за кучињата во стационар знае да биде екстремно страшен и осамен. Голем дел од нив се чуваат во мал простор и некои чекаат со месеци, па дури и години за да бидат посвоени.
Додека не дојде моментот да бидат посвоени, никогаш не знаат како изгледа да се има свој дом...
Но, еден стационар во Охајо реши да го промени ова.
„Toledo Area Humane Society“ креираше специјални соби за нивните кучиња кои изгледаат како вистински дом, што им дава шанса на кутрињата да излезат од малиот кафез во кој се чувани и да се чувствуваат поудобно.
„Искористивме една канцеларија да ја претвориме во дневна соба“ - изјавил еден од вработените на стационарот.
„Во неа ставивме тепих, фотелја, перници и телевизор. Една од најдобрите работи е ламбата заради која можеме да ги изгасиме силните светилки и да направиме атмосферата да биде покомфорна и лежерна“ - додава.
За некои ова изгледа како обична соба, но за кучињата од стационарот таа е посебна можност да почувствуваат како изгледа да се биде дел од дом.
Дури и им помага да најдат свој дом.
Н. Г. | Црнобело