7 видови животни кои ја разбираат љубовта многу повеќе од луѓето

Животните понекогаш можат да бидат одличен пример од кој луѓето ќе научат што значи вистинска љубов и верност кон партнерот.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-01.jpg

Тие навистина ќе ви покажат што значи да се сака некој и колку може да се тагува по неговата загуба.

Во природата постојат неколку видови животни кои остануваат засекогаш поврзани со нивните партнери, штитејќи го семејството од сите опасности.

1. Штркови

Штрковите се дел од животните кои остануваат верни и моногамни во текот на целиот нивен живот. Штом го пронајдат вистинскиот партнер знаат дека тоа е нивната совршена половина со која сакаат да бидат засекогаш.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-02_copy.jpg

2. Лебеди

Лебедите се симбол на искрената љубов и за тоа постои многу јасна причина. Лебедите целиoт свој живот го поминуваат само со една партнерка и во таа врска се целосно рамноправни. И двајцата заедно ги хранат, одгледуваат и чуваат своите малечки.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-03.jpg

3. Волци

Иако на прв поглед не изгледаат како романтични и нежни животни, волците всушност се едни од најверните партнери во животинскиот свет. Тие се симбол на семејство и заедништво. Мажјакот и женката се подготвени на сè за да ги заштитат своите младенчиња и партнерот.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-004.jpg

4. Црни лешинари

Овие животни се доказ дека вистинската љубов навистина постои. Црните лешинари не се одвојуваат во текот на годината и ги делат родителските должности остварувајќи цврста врска.

Според генетските истражувања врз 16 различни парови откриено е дека женките никогаш не го менуваат партнерот, а мажјаците жестоко ја бранат својата избраничка од други додворувачи.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-05.jpg

5. Албатрос

Албатросите можат да прелетаат големи растојанија, но секогаш се враќаат на едно место, таму каде што го оставиле својот партнер. Нивните врски се мерат во години, а завршуваат кога едната птица ќе почине. Својата љубов ја прикажуваат со будалест, но нежен ритуален танц.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-06.jpg

6. Пингвини

Пингвинот треба да вложи многу напор и време за да ја освои својата партнерка. За да го привлече нејзиното внимание, мора неколку дена да игра пред неа, а кај некои видови постои дури и обичај на подарување веренички прстен.

Кога пингвинот ќе се заљуби, тој го избира најубавиот камен кој може да го најде и го носи пред својата женка. Ако таа го прифати каменот, тоа значи дека љубовта е заемна.

Кога еднаш ќе се заљуби пингвинот останува заљубен до крајот на животот, дури и ако љубовта не му е возвратена.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-07_copy.jpg

7. Диви патки

Во многу култури, дивите патки се симбол за вечна љубов. Кога двајца партнери ќе одлучат да бидат заедно, остануваат верни еден на друг засекогаш. Кога ќе добијат потомство, мажјакот го штити семејството од грабливци, а женката се грижи децата да бидат сити, да им биде топло и удобно.

7-vidovi-zivotni-koi-ja-razbiraat-ljubovta-mnogu-povekje-od-lugjeto-08.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Слон – 22 месеци: Животни со најдолга бременост Камилите се бремени околу 13 до 15 месеци. Продолжената бременост гарантира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg