Илустрации: 14 закони по кои се водат мачките
Ако живеете со мачка, тогаш сигурно знаете дека овие животни секогаш живеат по стриктни правила и закони кои морате и самите вие да ги почитувате.
Па, подобро е да ги знаете однапред и да бидете подготвени, отколку да ги учите на „потешкиот“ начин.
14 закони по кои живеат мачките:
1. Законот на магнетизам
Целата облека ќе ви биде залепена со контрастни влакна без разлика на тоа каква боја на крзно има вашата мачка - некако магично...
2. Закон на спиење
Мачките мораат да спијат таму каде спијат и луѓето, по можност на средина.
3. Законот за сите теписи во домот
Ниту еден тепих не смее да остане рамно на подот.
4. Законот на набљудување на фрижидерот
Ако мачката гледа доволно долго во фрижидерот, некој сигурно ќе дојде да ја почести со нешто вкусно.
5. Законот на спротивставување
Отпорот на мачката е директно пропорционален со барањето на личноста да направи нешто.
6. Законот на недостижна чистота
Колку и да се труди сопственикот, чистотата на мачката мора да остане недостижна.
7. Законот на бесконечно пиење на млеко
Секоја мачка смее да пие колкава сака количина на млеко, дури и тежината на млекото да е неколкупати поголема од тежината на мачката.
8. Законот за одредување на вредност
Гребаниците на мебелот се директно пропорционални со самата вредност на мебелот.
9. Законот на мачешка инерција
Мачката може да лежи заспана толку колку што сака, без разлика на менувањето на местоположбата.
10. Закон на издолжување
Телото на мачката бара издолжување пропорционално со бројот на часови на спиење.
11. Законот на достапност
Мачката има достапност до сè без разлика на тоа колку се противи сопственикот.
12. Законот на движење
Веројатноста дека празен картон за многу краток период ќе има мачка во него е еднаква на еден.
13. Закон на мачешки интерес
Не се трудете, мачката ќе покаже кога е заинтересирана за играње и внимание.
14. Закон на гравитација
Било кој лек може да ѝ даде на секоја мачка доволно кинетичка енергија не само да ја надмине силата на гравитација на Земјата, туку и да може да се телепортира.
Н. Г. | Црнобело