10 летни правила како да го заштитите миленикот од високите температури

Домашните миленици како кучето и мачката се изложени на поголеми опасности од луѓето, заради топлината од нивните влакна во текот на летните месеци.

10-pravila-kako-da-go-zastitite-milenikot-od-visokite-temperaturi-01.jpg

Ако сте сопственик на куче и сакате да го заштитите од топлотен удар, тогаш проследете ги овие совети:

1. Некои раси се повеќе подложни на топлински удар за разлика од други

Булдозите, лабрадорите и ретриверите спаѓаат во групата на кучиња кои се поподложни на топлински удар за разлика од другите раси. Во ризичната група спаѓаат сите кучиња кои имаат дебело крзно, здравствени проблеми или вишок килограми.

2. Топлотен удар може да се случи и на 22 Целзиусови степени

Умор поради високи температури може да се случи во рок од дури 15 минути по изложување на висока температура. Животните се навистина добри во прикривање на симптомите, па затоа е важно да им посветите големо внимание, дури и кога температурите се пријатни – т.е. околу 22 Целзиусови степени.

3. Често имаат потреба од менување вода

Не го терајте миленичето да чека под чешмата која тече во потрага по вода. Редовно чистете го садот и менувајте им ја водата за да избегнете дехидратација.

4. Во водата додадете неколку коцки мраз

Во садот со вода, додадете неколку коцки мраз, за водата да остане што е можно посвежа. Може да им давате и оладени парчиња лубеница или пилешко што сте го замрзнале во помали коцки.

5. Настрана од жежок асфалт

Ако не можете да ја држите раката на асфалтот подолго од 5 секунди, тоа е јасен знак дека истиот е премногу жежок и за шепите на вашето куче. Токму затоа шетајте го рано наутро или во доцните вечерни часови.

6. Оставете ги да се разладат

Голем дел од кучињата сакаат да се освежат во водата, па ако сте во можност, одведете ги на некоја плажа каде нема да биде проблем да влезат во водата, или пак во некој детски базен на дување.

7. Некогаш е подобро да останат дома

Во текот на убавите сончеви денови, голем дел од сопствениците на кучиња доаѓаат до искушение да го поведат и своето куче заедно со нив. Поради нивното крзно, тие полесно се загреваат од луѓето, па затоа некогаш е подобро да останат во климатизираниот дом.

9. Оладете го кучето со помош на модни додатоци

Верувале или не, модните додатоци можат да го спасат вашето куче од топлотен удар. Во продавниците за миленици се продаваат марами за ладење, кои кучињата ги носат околу вратот и кои им помагаат да ги поднесат силните летни жештини.

9. Внимавајте на вашето куче

Симптомите на топлински удар вклучуваат:

- Тегоби

- Забрзано чукање на срцето додека одмараат (а тоа може да го проверите ако ја поставите раката на градниот кош на миленичето)

- Немирно движење

- Црвенило

Посериозни последици се:

- Пролив

- Повраќање

- Напади

- Крварење

Ако забележите било кој од овие симптоми веднаш побарајте помош од ветеринар.

10. Не претерувајте со ладење

Не е добро ни да претерате со ладење на куче кое било изложено на високи температури. Ако телесната температура на кучето падне под 37 Целзиусови степени, побарајте помош од доктор.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg