Невербална комуникација: Што сака да ви каже вашата мачка преку нејзиниот опаш?

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-001_copy.jpg

Мачките имаат разни облици на комуникација. Освен мјаукањето, овие симпатични и паметни животни користат специфични движења со целото тело за да искажат одредени чувства. Нивниот опаш е особено важен во нивната невербална комуникација.

Ако сакате да разберете што вашето маче сака да ви каже, тогаш овие 9 позиции на неговото опавче сигурно ќе ви откријат:

1. Подигнат и закривен на врвот

Позицијата во која опашот на мачката во облик на прашалник е подигнат високо во воздухот, значи дека е заигран и весел. Станува збор за пријателска положба која го повикува вашето внимание преку игра и заедничка забава.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-02.jpg

2. Надуен опаш

Опашот на кој влакната се наежени и изгледа двапати подебел од обично е знак на страв. Ако покрај него мачката ги зашилила и своите уши и го свиткала грбот станува збор за одбранбена позиција. Всушност, во оваа положба мачката изгледа поопасно за да може да се заштити од потенцијална опасност.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-03.jpg

3. Спуштен опаш

Ако вашата мачка го спуштила својот опаш на подот и полека го врти од една страна на друга, тоа може да значи колебање. Таквата позиција значи дека некој или нешто го привлекло нејзиното внимание и поради тоа се чувствува несигурно и станува внимателна. Оваа поза е најзабележлива кога мачката е надовор од домот и кога го слуша и испитува просторот во кој се наоѓа.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-04.jpg

4. Рамен опаш во воздухот

Ако вашиот домашен миленик го држи својот опаш рамно и високо во воздухот, знајте дека станува збор за многу позитивни емоции. Оваа положба опишува самодоверба, среќа и возбуда. Мачката сака да ви каже дека се радува што ве гледа и ви посакува добредојде.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-05.jpg

5. Завиткан опаш

Ако мачката лежи и опашот ѝ е завиткан околу ногата тоа опишува максимална релаксираност, задоволство и безгрижност. Ако пак го витка опашот околу вас или други мачиња тоа е знак на искрено пријателство. Оваа позиција е индикатор на љубов и голема доверба.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-06.jpg

6. Замавнува

За разлика од кучињата кои со замавнување на опашот даваат знаци дека се весели и разгирани, мачките тоа го прават кога се лути и иритирани. Оваа позиција опишува лутина, а во некои ситуации и страв и недоверба.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-07.jpg

7. Мали поместувања

Мачките кои полека го поместуваат опашот од една страна на друга, виделе нешто што им го привлекло вниманието. Ваквата положба е забележана кога ќе види птица, мува или пак сака да ја фиксира играчката. Следниот чекор по ваквото замавнување најчесто е скок.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-09.jpg

8. Помеѓу шепите

Кога е во прашање повлекување на опашот меѓу нозете, причината за тоа на мачињата и кучињата е комплетно иста. Оваа положба опишува страв и покорност, а мачките најчесто го искажуваат тоа кога се надвор или пак во нова и неистражена околина.

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-08.jpg

9. Подигнат опаш и се тресе

Ако мачката го држи својот опаш исправено и се тресе како да вибрира, станува збор за говор на телото кој опишува возбуда, нетрпение и среќа. Тоа може да значи дека мачката уловила плен, но и дека е многу среќна што ве видела – што може да го сфатите како огромен комплимент, бидејќи мачките никогаш не лажат. 

neverbalna-komunikacija-shto-saka-da-vi-kazhe-vashata-machka-preku-nejziniot-opash-10.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg