„Моето куче не требаше да преживее, а сега има 13 години“ - Емотивна објава на еден тинејџер
Еден тинејџер и неговото куче кое имало рак ги освоија срцата на сите оние кои прочитале за нивната приказна на интернет.
18-годишниот Џек Ричардс на Твитер ја споделил прекрасната приказна за неговото куче заедно со две фотографии - една кога неговото куче сè уште немало ниту една година и една 13 години подоцна.
„Имаше рак како кутре и ми беше кажано дека нема да живее повеќе од една година. Сега 13 години подоцна - гледајте нè“ - напишал среќниот тинејџер на Твитер.
Нивната приказна била споделена над 34.000 пати и добила над 67.000 лајкови досега:
He had cancer as a puppy and wasnt supposed to make it past 1. Now 13 years later and look at us... pic.twitter.com/rFWE7Yeyrq
-->-->— Jack (@JackRichards_7) May 18, 2016
Н. Г. | Црнобело