Кучето кое мирно седи во мала торба за да се шета со сопственикот
На Фејсбук страната Love What Matters се појави една фотка која со сигурност ќе ви го стопли срцето и ќе ве насмее.
Веројатно не сте имале можност да го искусите тоа од прва рака, но во метрото на Њујорк не можете да носите со себе куче, освен ако не го собира во мала торба.
За таа цел еден човек решил својот миленик од расaта пит бул, куче што и не е така малечко за да го собере во торба, да го тренира мирно да седи во торба додека се возат во метро.
На фотографијата јасно можете да забележите од главата на кучето дека не е мало да за го собере во така мала торба, но тоа како воопшто да не му пречи и ужива во прошетката со својот сопственик.
Н. Г. | Црнобело