6 совети како на вашиот миленик петардите и огнометот да не му бидат траума

Новата Година е време на забава и опуштање со пријателите и најблиските, но покрај петардите знае да биде трауматична за нашите миленици. Огнометот за нас можеби е посебно визуелно доживување, но за кучињата знае да биде тешко искуство.

7-soveti-kako-na-vashiot-milenik-petardite-i-ognometot-da-ne-mu-bidat-trauma-01.jpg

Како можете да им помогнете на вашите миленици?

1. Вашето куче или мачка секогаш мораат да имаат барем едно место каде ќе можат да се сокријат. Тоа може да биде место под вашиот мебел во најтивката просторија од вашиот дом. Имате куче? Оставете му ги играчките во таа просторија за да ја поврзе со сигурноста, безбедноста и уживањето.

2. Погрижете се секогаш да бидат на безбедно, да не можат да излезат на сред улица, ако се преплашат. Во случај вашиот миленик да избега, добро е да имате микрочип за да го пронајдете.

3. Шетајте го миленикот додека надвор е светло и нема петарди. Навечер можете да ги прошетате сосема кратко по потреба.

4. Ако вашиот миленик е исплашен, не смеете да го казнувате за тоа. Не му викајте и не го казнувајте, бидејќи така само ќе ја влошите ситуацијата.

5. Игнорирајте ги и вие звуците. Забавувајте го вашиот миленик со неговите играчки само доколку сака.

6. Здружете го со куче или маче кои знаете дека не се плашат од огномет и петарди. Така, еден на друг ќе си прават „друштво“, а вашиот миленик ќе сфати дека не треба да се плаши.

Би можело да ве интересира:

„Морско чудовиште“ е хит на социјалните мрежи – За какво животно се работи и дали е опасно? (видео) „Што е ова?“ – прашуваат голем број од корисниците на социјалните мрежи откако е...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg