Кокошки со џемперчиња (видео)
Вдомувањето на старите кокошки од фармите за одгледување на живина е една работа, но 25-годишниот Никола Кондрон од Велика Британија открила уникатен начин како да им помогне и да им овозможи екстра комфор на овие животни.
Старите кокошки имаат потешкотии да се адаптираат на ладното време откако ќе излезат од строго контролираните услови во фармите, па Никола решила да им плете мали џемпери со кои ќе им биде топло дури и на ладното време.
Во последните 6 месеци тaa сплела над 30 мали џемпери: „Им се допаѓаат моите џемпери“.
„Важно е луѓето да станат свесни за тоа што им се случува на кокошките во фармите и во какви лоши услови живеат. Некои од нив излегуваат од фармите без пердуви“.
Овој проект е именуван како „The Primrose Project“: