Колку вода дневно треба да пие секое куче?

Сопствениците на кучиња обично оставаат вода во еден пластичен сад или длабока чинија, сметајќи дека кучето ќе си испие толку колку што му е потребно.

kolku-voda-dnevno-treba-da-pie-sekoe-kuce-01.jpg

Меѓутоа, ако малку повеќе се потрудите и го следите колку течност внесува во текот на еден ден, можете да му го подобрите здравјето и да спречите многу болести.

Колку вода всушност му е потребно на едно куче?

Дозирањето зависи од повеќе фактори - од големината и староста на кучето, храната која ја внесува, колку е активно, па дури и временските услови.

Здравото куче во просек дневно треба да пие околу 60ml вода по килограм од неговата тежина.

Плус, врз количината на вода која ја внесува влијае и храната која ја јаде. Кучињата кои се хранат исклучиво со сува храна имаат поголема дневна потреба за вода, за разлика од оние кои јадат конзервирана или готвена храна.

Исто така, избегнувајте да му давате храна која ја зголемува жедта, односно храна богата со натриум.

Малите кученца треба да внесуваат половина чаша вода на секои 2 часа и треба внимателно да го следите.

kolku-voda-dnevno-treba-da-pie-sekoe-kuce-02.jpg

Ако сакате да се рекреирате заедно, задолжително носете вода и на секои 20 минути понудете му голтка. По активностите, дајте му коцка мраз да се освежи, а потоа малку вода.

Сосема нормално, летно време кучињата се пожедни.

Ако вашето куче внесува лекови, посоветувајте се со ветеринарот дали тие предизвикуваат дехидратација или нешто слично.

Имајте на ум дека ако кучето не внесува доволно вода или пие многу повеќе од вообичаено, тоа е знак за некое заболување. Во овој случај, задолжително однесете го на ветеринар.

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg