Болно искрено писмо на еден шинтер: Свесни ли сте што му правите на вашето куче кога го оставате тука?

Она што овој човек секојдневно го гледа го допира срцето на секој што има можност да го види или барем да го слушне. Еден искрен работник во стационар ја споделува тажната приказна за милениците кои завршуваат таму.

bolno-iskreno-pismo-od-eden-shinter-svesni-li-ste-sto-mu-pravite-na-vasheto-kuce-koga-go-ostavate-tuka-01.jpg

„Мислам дека на нашето општество му треба повик за будење.

Како раководител на еден стационар ќе споделам со вас... еден поглед во внатрешноста, ако ми дозволите.

Како прво да се обратам на трговците со кучиња кои ги нудат во кутии по булеварите: треба барем еден ден да работите во стационар. Можеби откако ќе погледнете во жалните, изгубени погледи на тажните кучиња ќе го промените вашето мислење и нема да ги продавате на луѓе кои воопшто не ги познавате.

Токму тие кучиња може да завршат овде кај мене во стационарот, тогаш кога повеќе не се слатки мали кутриња.

Како би се чувствувале кога би знаеле дека постои 90% шанса токму тоа куче никогаш да не го напушти „боксот“ кога веќе еднаш ќе стигне тука? 50% од кучињата кои пристигнуваат овде или лутаат изгубени по улиците или се чистокрвни кучиња.

Ова се најчестите изговори кои ги слушам:

Се преселивме и не можеме да го земеме кучето со нас. Сериозно? Каде се селите и зошто не барате стан или куќа во која ќе можете и кучето да го донесете со вас да живее?“

Порасна повеќе одошто очекувавме. Што мислевте, колкав ќе биде германскиот овчар?

Немам повеќе време за животни. Сериозно? Работам од 10 до 12 часа и секогаш имам време за моите 6 кучиња.

Ми ја уништува целата градина. Хммм... Зошто не го чувате дома како член на семејството?

Потоа секогаш кажуваат: „Не сакаме да настојуваме да му барате дом затоа што знаеме дека брзо ќе биде вдомен. Знаете, добро куче е.

Најжално од се е тоа што твојот миленик нема да биде вдомен и знаеш колку е стресна ситуацијата за едно куче во стационарот?

Да ти објаснам:

Твојот миленик има краток рок да најде нов дом. Понекогаш малку подолго ако боксовите не се преполни и ако кучето остане здраво. Ако твојот миленик се разболи, со сигурност умира. Мачките доаѓаат тука на сигурна смрт.

bolno-iskreno-pismo-od-eden-shinter-svesni-li-ste-sto-mu-pravite-na-vasheto-kuce-koga-go-ostavate-tuka-1.jpg

Твојот миленик ќе биде затворен во еден мал бокс опкружен со лаежи и врисоци на останатите 50 до 100 миленици. Твојот миленик ќе плаче, ќе тагува и ќе чека на своето семејство кое го напуштило.

Ако твоето животно има доволно среќа и има доволно слободни работници може малку ќе се прошета.

Ако не, твојот миленик нема да добие никакво внимание, ќе јаде од чинија која се остава преку празниот дел од боксот и ќе добива еден туш за да се исчисти изметот од боксот. Ако твојот миленик е голем и припаѓа на листата на опасни кучиња, си го донел на сигурна смрт во истиот момент кога ќе тропнеш на вратата со него.

Едно такво куче ретко преживува во стационарот без разлика на тоа колку е „сладок“ или „трениран“. Ако твојот миленик не се вдоми за брзо време и стационарот е полн, ќе биде убиен.

Ако стационарот не е полн и твојот миленик е „атрактивен“ може уште малку да му се продолжи животот, но пак не за предолго. Поголемиот дел од кучињата се убиваат ако се агресивни, но и најмирното куче може да покаже такво однесување кога е затворено и не му се допаѓа околината.

Ако твојот миленик се зарази со Tracheobronchitis или некоја друга инфекција на дишните органи, моментално се убива затоа што нема средства за плаќање на терапијата.

А сега да ви кажам нешто во врска со еутаназијата за сите оние кои не знаат како изгледа да се убие потполно здраво животно.

Како прво сите кучиња со поводник се вадат од боксот. Мислат дека одат на шетање и весело мафтаат со опашот се додека не стигнат до еден „простор“. Таму закочува секое куче. Сум се уверил дека ја намирисуваат смртта и сите изгубени души кои таму морале да умрат. Чудно е, но тоа се случува со секое животно. Животот на твојот миленик завршува.

bolno-iskreno-pismo-od-eden-shinter-svesni-li-ste-sto-mu-pravite-na-vasheto-kuce-koga-go-ostavate-tuka-2.jpg

Сега се надевам дека ако стигна да го прочиташ целиот текст, очите ти се насолзија и сликата не ти излегува од глава.

Ја мразам својата работа и мразам што воопшто мора да постои и што ќе продолжи да постои, се додека не се промените. Илјадници кучиња секојдневно умираат по стационарите.

Се трудам секој ден да спасам барем еден живот, но стационарите се секој ден се пополни и пополни. Ве замолувам да не земете да одгледувате миленик ако не сте потполно сигурни дека можете да го чувате и не купувајте кучиња кога можете да спасите нечиј живот од стационар. Мразете ме ако сакате, но реалноста боли. Се надевам дека со ова писмо ќе го доправ вашето срце и вашите кучиња нема да завршуваат на улиците.

Би сакал некој да дојде кај мене во стационарот и да ми каже: „Го прочитав твоето писмо и сега сакам да вдомам куче“.

Тогаш ќе знам дека се исплатело.“

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg