Што ако лав ви ја отвори вратата од автомобилот? (видео)
Можеби ви звучи егзотично да отпатувате во Африка на некое сафари и да прошетате меѓу тигри и лавови, но веројатно не ја претпоставувате опасноста, бидејќи мислите дека сте заштитени во автомобилот.
Истото го мислеле и сестрите Келин и Синди кои поминале покрај нив, во Јужна Африка за да ги посетат родителите.
Додека ја снимале околината и полека се движеле меѓу лавовите во паркот Сафари, наеднаш еден од лавовите кој се приближил до автомобилот успеал да ја отвори вратата со своите заби.
Адреналинот и стравот ги доживеале на највисоко ниво и им надошле секакви емоции.
На крајот им останал само добар и возбудлив спомен кој им го забрзува пулсот со секое следно прегледување на видеото.