Лекција по ЗПО: Правите разлика помеѓу овие животни?
Во природата може да се сретнат најразлични видови животни. Но, многу од нив и наликуваат едни на други, па често повеќето луѓе кои недоволно ги познаваат, знаат и да ги помешаат или да мислат дека се исти.
Сличностите настануваат како последица на генетските сродности, додека некои видови едноставно почнуваат да се развиваат во ист правец.
Постојат 10 најчести парови кои луѓето ги мешаат, но сепак се разликуваат:
1. Лама и алпака
И едната и другата припаѓаат на фамилијата Camelidi. Нивната најочигледна разлика е во тежината, ушите и должината на носот.
2. Опосум и посум
Иако ги дели само една буква, овие животни се разликуваат пред сè по тоа што опосумот живее во Северна Америка, додека посумот живее дури во Австралија. Тоа што имаат слични имиња е грешка на ботаничарот Џозеф Бенкс, кој сметал дека посумот е роднина на опосумот, па му дал слично име.
3. Молец и пеперутка
И двата инсекта припаѓаат во редот лепидоптери. Некогаш е лесно да се пронајде разлика меѓу нив, додека во други случаи тоа не го препознаваат дури ни најдобрите познавачи. Најјасна разлика меѓу нив се антените кои кај пеперутките се тенки со задебелени врвови, додека кај молците се во вид на мали пердуви.
4. Плискавица и делфин
Двата цицачи припаѓаат на фамилијата Cetacea. Најлесно ќе ги разликувате по клунот кој кај делфинот е многу изразен. Делфините имаат остри заби, додека оние кај плискавците имаат кружен облик.
5. Домашен зајак и див зајак
Ова е еден од најчесто помешаните парови. Иако и двата вида припаѓаат во редот на Lagomorpha, дивиот зајак е значително покрупен и побрз, а имаат и посилни нозе и поизразени уши. Домашните зајаци се почести како домашни миленичиња, иако луѓето мислат дека се исти како сите останати зајчиња.
6. Фока и морски лав
Иако имаат слична глава, фоките за разлика од морските лавови, немаат воочливи уши, помали се и подобро се снаоѓаат во вода. На копно знаат само да лазат, додека морските лавови можат и да одат.
7. Крокодил и алигатор
Тие се роднини и рептили од редот на Crocodylia, кои многу се разликуваат според обликот на главата. Крокодилската глава е многу подолга, има шпицест облик, додека кај алигаторите е многу пократка и позаоблена. Кога алигаторот ќе ја затвори устата, повеќето заби не му се гледаат, што не може да се каже за крокодилите.
8. Оса и пчела
Овие жолто-црни инсекти најлесно може да се разликуваат според големината, бидејќи осите се многу покрупни. Покрај тоа, пчелите поради својата работа прекриени се со влакненца на кои се задржува поленот, додека осите се мазни и сјајни. Осите се многу агресивни, особено кога треба да го одбранат своето седало.
9. Цевожупка и мравојад
Немаат други сличности, освен дека имаат издолжен нос и се хранат со мравки, бидејќи припаѓаат на различни видови. Цевожупките живеат во Африка, додека мравојадите во централна и јужна Америка.
10. Гуштер и саламандер
Иако потсетуваат еден на друг, сепак припаѓаат на различни видови. Гуштерите се рептили, додека саламандерите припаѓаат на водоземците. Според тоа саламандерот живее близу вода, додека гуштерот може да се најде и во многу посуви услови.
Кои од овие парови најчесто ги мешате?