Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 причини зошто да посвоите куче од стационар

Размислувате за вдомување миленик? Пред да го поставите прашањето „колку чини ова кутре,“ ви советуваме да ги разгледате локалните стационари.

8-pricini-zosto-da-posvoite-kuce-od-stacionar-01.jpg

Постојат најмалку 8 причини зошто да посвоите куче кое моментално престојува во стационар...

1. Ќе спасите живот

Секоја година милион животи згаснуваат преку еутаназија само заради тоа што сопствениците се откажуваат од своите миленици. Зошто вие да не бидете херојот на овие животни кои очајно посакуваат посреќно секојдневие?

2. Ќе заштедите пари

„Купувањето“ миленик не само што не претставува задоволство, туку и е скапо. Кога посвојувате куче трошоците се минимални, плус сте фокусирани за квалитетот на неговиот живот, а не на тоа колку чини истиот.

3 .Ќе ве направи да се чувствувате подобро

Чувањето милениче има свои психички, ментални и емотивни придобивки, но кога имате вдомен миленик сите тие предности двојно се зголемуваат. Имате чувство дека сте оствариле нешто добро, нешто големо, нешто што никој не може да ви го одземе.

4. Директно се борите против насилството врз животните

Стационарите не се најбезбедно место за милениците, па понекогаш дури и се опасни по нивниот живот од повеќе причини. Со посвојување, директно се борите да ја подобрите состојбата на нивниот живот.

8-pricini-zosto-da-posvoite-kuce-od-stacionar-02.jpg

5. Можете да посвоите возрасно куче

Веќе израснатите кутриња имаат усвоени навики, па доколку немате простор и време за дресирање и борење со хаосот кој го прават на почетокот, вдомувањето неколку годишен миленик е идеалното решение.

6. Постои огромен избор

Колку и да звучи грубо, во стационарите се сместени голем број на кучиња со различна раса, големина и навики. Можете да го одберете токму она кое совршено ќе се вклопи во вашето секојдневие.

7. Ги поттикнувате и другите да посвојат

Кога блискиот круг на луѓе ќе видат дека вашето милениче од стационарот е повеќе од воспитано, чисто и мило, нема да му одолеат. Со тоа ја промовирате најважната порака - вдомете ги напуштените животни!

8. Ќе добиете бесконечно благодарен пријател

Сигурно веќе знаевте, но бидете убедени дека нема подобро чувство од благодарноста која секојдневно ќе ја гледате во неговите очи.

Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg