Празничен кекс за вашиот миленик по домашен рецепт

Празниците се периодот кога најмногу експериментираме во кујната, па зошто да не го изненадите вашиот миленик следен пат кога ќе ги испробувате своите кулинарски способности?

praznicen-keks-za-vasiot-milenik-po-domasen-recept-01

Еве што ви е потребно за домашен кекс за вашето кутре:

  • 2 шолји брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 1/8 лажичка сол
  • 1 јајце
  • ½ чаша безмасно млеко
  • ¼ маслиново масло
  • 2 лажици мед
  • 1 ½ лажица цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и подмачкајте ја тавата или обложете ја со хартија за печење.

Промешајте го брашното, прашокот за печиво и солта во голем сад. Во друга чинија изматете го јајцето и маслото, а потоа измешајте ги сите состојки заедно.

Додадете го млекото, медот и циметот и добро промешајте.

Развлечете го тестото до посакуваната дебелина, а потоа со калапи и извадете кекси со различни облици.

Печете 13-15 минути, а потоа добро оладете ги пред да го послужите вашиот миленик.

Би можело да ве интересира:

18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg