Ова е храброст и љубов: 11-годишно детенце го спасува своето куче (фото)
Колку го сакате вашето кутре? Дали вашата љубов е толку голема, што би го ризикувале и сопствениот живот само за да го спасите? 11-годишното момче од Бразил докажа дека неговата посветеност кон миленикот нема граница!
Храбриот Џин Фернандес без размислување истрчал на улица, кога видел неговото милениче било удрено од кола.
Возачот на автомобилот не се свртел, ниту се вратил, па Џин и неговото куче биле препуштени сами на себе.
11-годишното момче не се грижело за гужвата на коловозот, туку без размислување истрчал и го спасил својот беспомошен пријател.
Мајката на Џин изјавила дека оваа постапка воопшто не ја чуди, затоа што тој обожава животни и често пати се наоѓа во ваква спасувачка мисија.
Кутрето кое се вика Мел, сега се наоѓа кај ветеринар и успешно се опоравува.