8 раси на кучиња што НЕ се погодни за почетници

Сибирски хаски

Сибирските хаски се популарни поради сините очи и се мошне убави, но можат да бидат проблематични за почетници.

Енергични се и неретко своеглави, па може да ви биде тешко да ги контролирате ако нема искуство.

Интелигентни се, па потребна им е стимулација.

Покрај тоа, имајте на ум дека овие кучиња сакаат да лаат и завиваат – нешто што нема да ви биде сеедно ако досега не сте чувале куче.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-06.JPG

Далматинец

Далматинците се одлични за луѓе кои се физички активни.

Но, можат да бидат своеглави, па и да го доминираат сопственикот ако тој не ги дресира правилно уште додека се мали.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-07.JPG

Акита

Овие кучиња се лојални и заштитнички настроени кучиња.

Но, ако не се добро издресирани, можат да покажат агресија кон други кучиња или други миленици во домот.

Исто така, бидејќи се многу лојални, можат да се однесуваат лошо и кон гости.

Главни, дресирањето може да биде предизвик за нови сопственици.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-08.JPG

Бордер коли

Кучињата од оваа раса се познати по својата интелигенција, но и енергијата.

Потребна им е ментална и физичка стимулација што неискусните можеби нема да можат да им ја дадат.

А, кога ја немаат потребната стимулација, можат да почнат да лаат, да уништуваат по домот и, генерално, да ја покажуваат својата фрустрација.

8-rasi-na-kuchinja-shto-ne-se-pogodni-za-pochetnici-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg