Шимпанзо, гавран – Кои се најинтелигентните животни на планетата?

Гаврани

Меѓу птиците, гавраните се можеби најинтелигентните.

Во бројни тестови, овие птици покажале дека можат да решаваат проблеми, некогаш и со алатки, ако знаат дека наградата е храна.

Некои птици покажале и дека можат да запомнат луѓе, а да реагираат поагресивно во близина на човек што го немаат видено претходно.

Кога станува збор за загатки, гавраните некогаш имале и подобри резултати од шимпанзата и некои единки успевале да ги решат уште во првиот обид.

shimpanzo-gavran-koi-se-najinteligentnite-zhivotni-na-planetata-06.JPG

Во испитувањата, некои единки покажале и дека го разбираат концептот за нула.

Исто така, има и ситуации кога овие птици им носат подароци на луѓе кои се грижат за нив, со што покажуваат еден вид емпатија.

На видеото во продолжение, гавран покажува дека сфаќа дека нивото на водата се зголемува кога во садот става камчиња.

Октоподи

Октоподите се уникатни и мошне интелигентни суштества.

Постојат неколку славни октоподи кои се истакнале и покажале колку всушност можат да бидат интелигентни овие животни.

На пример, во аквариум во Германија имало октопод кој научил да прска вода кон светилките кога му пречеле.

Друг октоподот покажал дека овие животни можат да помнат и лица – тој не сакал еден од вработените во аквариумот и секогаш кога поминувал, го прскал со вода.

Подоцнежни експерименти покажале дека октоподите навистина помнат лица, како и дека има луѓе кои им се допаѓаат и луѓе кои не им се допаѓаат.

Истовремено, постојат и бројни приказни за октоподи кои редовно се искрадувале од нивните аквариуми и неретко влегувале во други за да ги јадат рибите.

Овие суштества можат да решаваат загатки и успешно бегаат кога се затворени, дури и од места со капак, како голема тегла.

shimpanzo-gavran-koi-se-najinteligentnite-zhivotni-na-planetata-07.JPG

Интересно е што структурата на мозокот на октоподите е многу поразлична од нашата – дури две третини од нивните неврони се наоѓаат во нивните пипала, а не во мозокот во главата.

Ова значи дека структурата што ја имаме ние луѓето не мора да е единствената што овозможува висока интелигенција.

Во океаните, октоподите можат да користат има алатки, како школки за да се заштитат.

Уште поимпресивно е што овие животни имаат многу краток животен век – само две-три години.

Што значи, нивниот интелигентен мозок се развива целосно само за овој краток период.

За споредба, мозокот на луѓето не е целосно развиен до средината на 20-тите години од животот.

На видеото во продолжение се гледа како октопод успева да избега од затворена тегла:

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg