Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате)
Ве гледа смирено кога излегувате од дома
Дури и ако се навикнати да бидат сами, за кучињата ова може да биде стресно.
Но, штом кучето е мирно кога излегувате од дома, тоа значи дека ви верува дека ќе се вратите, како и дека ве сака.
Се радува кога ќе се вратите
Ова е можеби најочигледниот знак.
Ако кучето ве пречекува со скокање кога ќе си дојдете дома, тоа ви покажува дека е радосно што ве гледа бидејќи ве сака.
Сака да спие во вашата соба
Ако не му дозволувате на кучето да спие на вашиот кревет, но тоа упорно се обидува, немојте да му се лутите бидејќи со ова само покажува дека ве сака.
Истовремено, ова е и знак за лојалност.
Ви ја дава омилената играчка
Кога кучето ви ја носи неговата омилена играчка, тоа не значи дека само сака да си игра.
Со овој гест, кучето сака да ве усреќи и на свој начин ви покажува дека ве цени и сака.
Ви ја возвраќа љубовта
Ако кучето секогаш реагира радосно кога ќе го допрете или погалите, тоа е уште еден знак дека ве сака.
Спирова С. | Црнобело