Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија)

Скорпии

Очекувано, на листата треба да има и отровно животно.

Постојат околу 25 вида скорпии чиј отров е смртоносен за луѓето, а заедно се одговорни за околу 2.600 смртни случаи годишно.

Убодите најчесто настануваат кога луѓето ги згазнуваат боси, па тие пробуваат да се одбранат.

Што значи, самите не напаѓаат и ако одите на место со отровни скорпии, треба сами да бидете внимателни.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-06.jpg

Отровни змии

Веројатно уште едно животно што го очекувавте.

Ширум светот постојат околу 600 вида отровни змии, а сите заедно се причина за околу 130.000 смртни случаи годишно.

Во просек, помеѓу 1,8 и 2,7 милиони луѓе годишно се каснати од отровна змија и добрите вести се дека повеќето преживуваат.

Сепак, има многу случаи на ампутации и трајни инвалидитети предизвикани од отровни змии.

Според податоците на Википедија, во Македонија има 16 вида змии, од кои три се отровни.

Па, ако одите на планина или каде било во природа, распрашајте се за змиите кои виреат во тој регион.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-07.jpg

Слатководни полжави

Слатководните полжави сами по себе не се отровни, но тие се носители на неколку паразити кои се смртоносни за луѓето.

Поради ова, контактот со слатководни полжави е причина за околу 200.000 смртни случаи годишно.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-08.jpg

Комарци

Колку и да ви звучи чудно, комарците се најсмртоносното суштество на планетата за нас луѓето.

Годишно тие „убиваат помеѓу 725.000 и 1 милион луѓе.

Нормално, самите комарци не можат да убијат човек, но тие многу лесно разнесуваат болести, од кои најчесто маларија.

Кај нас комарците не претставуваат сериозна закана по здравјето, но во сиромашни земји, со недостаток од хигиена и медицинска нега, како во Африка, можат да бидат многу, многу сериозен проблем.

najsmrtonosnite-zhivotni-i-insekti-za-lugjeto-del-ima-i-vo-makedonija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg