7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно
Тагуваат за нивните мртви
Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција, а ова го покажува и нивното однесување кон мртвите слонови.
Кога ќе умре слон од нивното стадо, слоновите го „погребуваат“ и нивното однесување алудира на тоа дека му оддаваат и почит на мртвото тело.
Нормално, тие не прават гробови како луѓето, но знаат да го затрупаат телото со земја, а одвреме-навреме и да го посетуваат.
На малите слончиња им е потребен таткото
Кај многу животински видови, мажјаците воопшто не се грижат за нивните потомци. Но, ова не важи за слоновите.
Кога станува збор за машки потомци, за нив е многу поважно да минуваат време со нивните татковци.
Тие ги учат како да се однесуваат во стадото, како да се хранат и, генерално сè што им е потребно за да преживеат.
Наводно, машките слончиња кои пораснале без татковци, се однесувале поразлично од другите.
Можат да го слушнат движењето на облаците
Слоновите имаат многу подобар слух и слушаат работи кои ние не можеме.
Тие можат да слушнат звуци со многу ниска фреквенција – до 14 Hz. За луѓето, оваа граница е околу 20 Hz.
Некои студии на слонови покажале дека слоновите можат да го наслушнат и движењето на облаците, а со тоа да одредат дали доаѓа бура.
Можат да разликуваат различни човечки јазици
Според истражување направено врз слонови во Кенија, овие неверојатни животи можат да разликуваат различни човечки јазици.
Исто така, тие препознаваат дали гласот потекнува од маж, жена или мало дете.
Експертите сметаат дека оваа вештина не ја поседува ниту едно друго животно.
Спирова С. | Црнобело