Работи со кои несвесно му предизвикувате стрес и анксиозност на вашето куче, според ветеринари

Облека за кучиња

Можеби кучињата изгледаат слатко кога се облечени, но повеќето се чувствуваат непријатно.

„Многу кучиња не сакаат да носат облека бидејќи не им е природна и им го ограничува движењето“.

Ако вашето куче не сака да носи облека, не го присилувајте. Доколку не прави проблем, избегнувајте облека која е тесна и која му го ограничува движењето на нозете или опашката.

raboti-so-koi-nesvesno-mu-predizvikuvate-stres-i-anksioznost-na-vasheto-kuche-spored-veterinarist-na-vasheto-kuche-spored-veterinari-06.jpg

Нов вид храна

Во овој случај кучето нема да биде под стрес, но доколку има чувствителен стомак, можат да настанат дигестивни проблеми.

Кога сакате да му дадете нов вид храна на кучето, Џесика Кирк советува да го правите тоа постепено.

Дајте му малку и видете како реагира. Ако не се појават дигестивни проблеми, дури тогаш дајте му цела порција.

raboti-so-koi-nesvesno-mu-predizvikuvate-stres-i-anksioznost-na-vasheto-kuche-spored-veterinarist-na-vasheto-kuche-spored-veterinari-07.jpg

Пушење

Поради силното сетило за мирис, пушењето во близина на вашето куче може да биде стресно за него.

„Кучињата имаат многу развиено сетило за мирис, па она што има слаб мирис за нас, за нив може да биде интензивно и непријатно“ - вели ветеринарот Перез Камарго.

Тој додава и дека честата изложеност на чад од цигари може да предизвика здравствени проблеми кај кучето, особено со респираторниот систем.

raboti-so-koi-nesvesno-mu-predizvikuvate-stres-i-anksioznost-na-vasheto-kuche-spored-veterinarist-na-vasheto-kuche-spored-veterinari-08.jpg

Патување

На некои кучиња не им е проблем да патуваат. Но, патувањата можат да бидат стресни за оние кои не се навикнати.

„За многу кучиња, патувањето е стресно. Треба да се справуваат со нови мириси, нови глетки и нови околини. Само затоа што вие сте со него, не значи дека вашето куче не е загрижено“.

Ако првпат одите на патување со вашето куче, неколку денови претходно почнете да го возите во автомобилот на помали растојанија за да се навикне.

Кога ќе тргнете на пат, осигурете се дека ќе понесете доволно храна, но и играчки, кои ќе му помогнат да се смири.

raboti-so-koi-nesvesno-mu-predizvikuvate-stres-i-anksioznost-na-vasheto-kuche-spored-veterinarist-na-vasheto-kuche-spored-veterinari-09.jpg

Неочекувано галење кај постари кучиња

„Кога кучето почнува да ги губи видот и слухот бидејќи старее, многу полесно се плаши. Дури и најмирните кучиња можат да изреагираат бурно ако бидат допрени ненадејно“ - вели Мери Гарднер.

Ако имате постаро куче, осигурете се дека ќе ве види пред да го допрете. Исто така, Мери советува да избегнувате да му ги допирате нозете и шепите.

raboti-so-koi-nesvesno-mu-predizvikuvate-stres-i-anksioznost-na-vasheto-kuche-spored-veterinarist-na-vasheto-kuche-spored-veterinari-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg