Стриповите и нивните суперхерои во последниве години доживуваат вистинска експанзија, а се етаблираат и како еден од најсилните бастиони на популарната култура. Самото име-стрип, во различни јазици има различни конотации. На англискиот јазик значи „лента“ (бидејќи приказната е раскажана во ленти). Иако зборот „comic“ сугерира поврзаност со комедија, хуморот не задолжителен или својствен на овој жанр. Ова име првенствено се користи за означување на публикација чија приказна претставува комбинација на слики и текст. Стрипот, како форма, е производ на американската култура, па и неговото потекло се поврзува, пред сѐ, за САД.