5 митови за диносаурусите што ги знаеме сите, но не се точни
Со години се веруваше дека диносаурусите немале ништо врз кожата, но фосилите најдени во релативно поново време покажуваат дека некои од нив всушност имале пердуви. Кои други митови за диносаурусите се покажаа како лажни?
Како деца, учевме многу работи за диносауруси, си игравме со нашите пластични играчки и уживавме во филмовите за овие страшни животни.
Но, колку од она што го научивме за нив е, всушност, точно?
Можеби ќе се шокирате кога ќе дознаете дека мнозинството од она што го научивме за диносаурусите во нашата младост не било воопшто точно.
Колку повеќе учиме за овие предисториски животни, кои живееле пред 150 милиони години, толку повеќе нивната приказна се менува.
5-те најпопуларни митови за диносаурусите:
1. Малите подлактници на тираносаурус рекс биле слаби и бескорисни
Можеби сте слушнале дека малите подлактници на тираносаурус рекс биле бескорисни додатоци, но тоа веројатно не било така.
Диносаурусот бил неверојатно мускулест и се претпоставува дека можел да подигне 200 килограми со тие мали раце.
2. Бронтосаурусот е вистински диносаурус
Можеби сте научиле дека диносаурусот со долгиот врат и долгата опашка се нарекува бронтосаурус, но тој никогаш не постоел. Поточно, името настанало по збунетост во врска со склопувањето на скелетот, кој всушност бил апатосаурус.
Палеонтологот имал погрешен череп што го именувал бронтосаурус, но тоа не бил нов вид диносаурус, тоа бил само апатосаурус со глава на камарасаурус.
Името бронтосаурус продолжило да живее во поп-културата, но ниту еден научник не би го користел за да именува специфичен диносаурус.
3. Диносаурусите биле ладнокрвни животни
Со децении научниците веруваа дека диносаурусите биле ладнокрвни животни, како модерните влекачи.
Но, ова разгоре дебата откако некои ескперти сподеилја дека ако диносаурусите биле ладнокрвни, тие немало да имаат мускулна сила да ги ловат другите животни.
Бидејќи се пронајдени повеќе докази кои покажуваат дека диносаурусите биле месојади што брзо се движеле, поверојатно е дека биле топлокрвни, како нивните птичји потомци.
4. Диносаурусите изумреле бидејќи не успеале да еволуираат
Да го ставиме ова во перспектива: Диносаурусите живееле 150 милиони години, хоминидите се стари само 6 милиони години, додека човекот е стар само околу 200.000 години.
Ќе треба да поминеме долг пат пред да живееме колку што живееле диносаурусите и не знаеме како би се адаптирале на астероидното влијание.
5. Диносаурусите биле зелени и лушпести
Луѓето ги замислуваат диносаурусите како зелени и лушпести, затоа што претпоставуваме дека тие морале да изгледаат како големи модерни влекачи, односно крокодили или алигатори.
Во реалноста, тие веројатно биле светло обоени и, барем дел од нив, биле покриени со пердуви.
Ашера | Црнобело