Речиси е излишно да се каже дека живееме во ерата во која доминираат медиумите и медиумскиот спектакл. Медиумите станаа толку нераскинлив дел од нашиот живот што, речиси, не ги доживуваме како нешто што е одвоено од нашиот секојдневен живот. Телевизијата, весниците, а особено интернетот се нешто што се смета за заеднички извор на информации, но дали тоа остава простор за манипулација? Дали медиумите, не само што влијаат, туку и ја создаваат нашата реалност? Тие имаат огромен ефект врз нашите животи, а помалку и ги диктираат. Како медиумите станале толку моќни за да можат да доминираат над денешното општество? Одговорот на ова прашање лежи во феноменот на медиумскиот спектакл.