Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи кои леваците никогаш не треба да ги прават со лева рака

Бидејќи поголемиот дел од луѓето се деснораки, голем дел од предметите што ги користиме секој ден се дизајнирани за нив, а во многу ситуации користењето на левата рака е неучтиво. 

neshta-shto-levorakite-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-so-levata-raka-01.jpg

Доколку сте левораки, најдобро е да избегнувате да ги правите овие нешта со левата рака бидејќи другите можат да ве гледаат како невоспитани, па дури и со лоша намера. Во некои случаи, пак, можеби ќе треба и да се извините.

Погледнете кои се нештата што не треба да ги правите со лева рака.

Врата од левата страна на автомобилот отворајте ја со десна

Ова правило постои од безбедносни причини. Ако ја отворите вратата со левата рака се зголемува ризикот за несреќа – може воопшто да не забележите доколу некој велосипедист поминува покрај вашиот автомобил.

Доколку ја отворите вратата со десната рака, ќе морате да се свртите и ќе погледнете зад вас.

Храната од масата се земајте ја со десна рака

Според правилата за однесување на маса, храната и пијалакот секогаш е подаваат и земаат со десната рака. Ова правило е бидејќи на масата може да има повеќе садови со храна, па кога ќе посегнат повеќе луѓе, да не настане „гужва“.

neshta-shto-levorakite-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-so-levata-raka-02.jpg

Во Индија не подавајте ништо со лева рака

Во Индија левата рака се поврзува со личната хигиена, како и облекувањето и соблекувањето чевли. Воглавно, левата рака е за „нечисти“ работи. Па, никогаш немојте да им подадете нешто на другите со левата рака, без разлика дали е храна или некој предмет.

Во Етиопија не јадете со левата рака

Традиционално, во Етиопија не се користи прибор за јадење. Наместо тоа секој зема храна од заеднички сад со парче леб. Исто како во Индија, и овде левата рака е за нечисти работи, па не е погодна за јадење.

neshta-shto-levorakite-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-so-levata-raka-03.jpg

На Блискиот Исток не допирајте ги парите со левата рака

На Блискиот Исток се смета за непристојно да ги допирате парите со левата рака. И овде јадењето со лева рака не е препорачливо.

Заборавете ја левата рака ако одите во Гана

Во Гана десната страна е секогаш „правилната“, а користењето на левата рака во социјалните интеракции е речиси табу. Доколку на момент заборавите и ја употребите левата рака, од вас се очекува да се извините.

Никогаш не поздравувајте се со лева рака

Во сите споменати земји ракувањето со левата рака е незамисливо. Но, ова важи речиси во секоја држава ширум светот. На пример, во Америка имаат израз „left-handed shake“, односно ракување со лева рака кое се смета за навреда.

neshta-shto-levorakite-ne-bi-trebalo-da-gi-pravat-so-levata-raka-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Пица, шпагети: Храна која нам ни е секојдневие, но била егзотична за нашите баби и дедовци „Баба ми ми раскажуваше за моментот кога првпат пробала пица – имала околу 40 го...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg