Од кои делови се состои човечката душа, според античките египетски верувања?
Според сложениот религиски систем кој преовладувал пред три илјади години во античкиот Египет, човечката душа е составена од девет делови, кои заедно сочинуваат индивидуа.
За нив душата била од големо значење, а нивниот детален опис на човечката душа докажува дека ова е една од најсофистицираните антички цивилизации што некогаш постоеле на Земјата.
Според античките египетски верувања, човечката душа е составена од девет главни делови: Ren, Ba, Ka, Shuyet, Jb, Akh, Sahu, Khat, Sechem.
„Jb“ (срце) е клучен дел од египетската душа. Се претпоставува дека се создава од една капка крв од срцето на мајката. Во античката египетска митологија, човечкото срце било клучно за задгробниот живот.
„Shuyet“ (сенка) е секогаш тука. Античките Египќани биле убедени дека сенката го сумира она што го претставува една личност.
„Ren“ (име) е уште еден значаен дел од душата. Човекот се именува уште при раѓање, а античките Египќани биле убедени дека ќе живее сè додека му се изговара името.
„Bâ“ (личност) Античките Египќани верувале дека „Bâ“ е сè што ја прави една личност уникатна.
„Ка“ (витална искра) Според античките египетски верувања, „Ка“ бил важен концепт во душата, затоа што разликувал жив и мртов човек.
„Khat“ (тело) е физичко тело кое кога некое лице ќе умре, претставува врска помеѓу душата и земниот живот на таа личност.
„Akh“ (бесмртна суштина) Според античко египетско верување, „Akh“ ја трансформира бесмртната суштина што ја гарантира волшебната заедница на „Bâ“ и „Ка“.
„Sahu“ (судија) аспект на „Akh“ што се појавува во форма на дух во нечиј сон. „Sahu“ се разликува од сите други аспекти на душата кога е некое лице „оправдано“ од богот Озирис.
„Sechem“ (уште еден аспект на „Akh“) Витална животна енергија на човекот која се манифестира како моќ која има способност да ја контролира животната средина.
Ашера | Црнобело