10 богати луѓе од минатото што ги засенуваат модерните милијардери
Можеби ви изгледа како Бил Гејтс или Ворен Бафет да се најбогатите луѓе што чекореле на Земјата. Но, дали некогаш сте помислиле на богатството на Александар, Џингис Кан, кралот Соломон или египетските фараони?
Всушност, богатството на модерните милијардери е ништо во споредба со богатството на овие луѓе.
Па, погледнете кои се најбогатите луѓе на сите времиња:
Корнелиус Вандербилт: 185 милијарди долари
Корнелиус е еден од најпознатите бизнисмени од историјата на САД. Го стекнал богатството градејќи пруги во 1800-тите. Во неговите најуспешни години, неговото богатство изнесувало речиси 185 милијарди долари.
Хенри Форд: 199 милијарди долари
Хенри Форд имал богатство од речиси 200 милијарди долари. Тој не само што направил револуција во автомобилската индустрија, туку бил и пионер во бизнисот и индустријата.
Тој им давал повисоки плати на своите работници и ја развил лентата за склопување. Токму ова му овозможило да произведува скапи автомобили и да ги направи достапни за речиси секого.
Муамар Гадафи: 200 милијарди долари
Се верува дека Гадафи стекнал богатство од 200 милијарди долари за време на неговото 42-годишно владеење. Гадафи бил навистина контроверзен политичар и владетел, но направил неколку работи за неговата држава.
На пример, тој направил голема река која сега ги снабдува напуштените делови во Либија. Според некои експерти, ова е најголемиот проект за наводнување во историјата на човештвото.
Вилијам I: 209-229 милијарди долари
Вилијам бил првиот крал на Англија после инвазијата на Норманите во 1066-та година. Неговото владеење ставило големи последици - тој го направил обединетото Англиско кралство, ја создал војската и почнал да ја гради камената тврдина.
Џејкоб Фугер: 221 милијарда долари
Џејкоб можеби не е познат колку другите на оваа листа но дефинитивно бил богат колку нив. Благодарение на банкарството и неговите вештини за трговија, тој заработил околу 220 милијарди долари.
Бил роден во 1459-та година во Германија и најголем де од богатството стекнал продавајќи текстил во Италија.
Мир Осман Али Кан: 230 милијарди долари
Ова е еден од најбогатите мажи што постоеле кога било. По смртта на неговиот татко во 1911-та година, тој станал владетел на Хајдербад и останал на врвот 37 години.
Помогнал во развојот на образованието, електричната енергија и патиштата во областа.