20 најважни знаци кои ни ги праќа Универзумот - доколку ги почитуваме, ќе имаме среќен живот
Самите си ја создаваме кармата, но мораме да бидеме свесни дека во одреден дел од животот таа ќе мора да си го наплати својот „судбоносен долг“.
Универзумот секојдневно ни испраќа знаци и сигнали кои ни помагаат да се ослободиме од негативната енергија и да привлечеме добра енергија и добра карма.
Прашањето е – колку од нив ги препознавате?
1. Закон на кармата – кармата ја создаваме со помош на нашите намери, мисли, емоции, зборови и дела. Универзумот нè предупредува – доколку сакате да живеете складно и во апсолутна хармонија, мора постојано да водите сметка за сопствената карма.
2. Закон на мудроста – најголемата мудрост на Универзумот е дека треба да учиме низ своите грешки и преку нив подобро да се спознаеме себеси. Мудроста значи зголемена свест за тоа што треба да смениме кај себе, а што треба да зачуваме.
3. Закон на напредокот – мудроста се постигнува со духовен развој. Универзумот секојдневно нè опоменува дека мора да се издигнеме над своите емоции и егото, со цел да почнеме да го следиме патот на душата.
4. Закон на вибрациското достигнување – сите сме составени од енергија. И во Универзумот сè се движи и се менува. Бидете свесни за промените низ кои преоѓаат вашите енергетски вибрации и обидете се со соодветни техники да влијаете на нив.
5. Закон на принципот – секој од нас е посебен дел од една целина. Останете посебни, посветени на своите ставови и принципи.
6. Закон на љубовта – љубовта е решението за секој проблем. Универзумот секој ден ни праќа знаци да нè потсети дека љубовта исцелува и целосно нè лекува како битија.
7. Закон на изобилство – Универзумот гарантира дека секој од нас ќе го добие она што му е потребно – обратете внимание на сигналите и можностите кога тој ви ги испраќа во вашата насока.
8. Закон на благодарност – секој треба да чувствува благодарност за она што го поседува. Доколку сте искрено благодарни, Универзумот ќе ви помогне да го добиете она што ви недостасува.
9. Закон на хармонија – со своето постоење не смееме да ја нарушуваме хармонијата на Универзумот. Да се живее во согласност со законите на Универзумот подразбира труд и одрекување од сето она што привлекува негативност.
10. Закон на набљудување – нашата стварност ја дефинираме со помош на мислите. Мислите се претвораат во дела, а делата ни ја обликуваат судбината.
11. Закон на верноста – дури и кога некои луѓе се разочаруваат кога животот ќе ги однесе на погрешната страна, важно е да веруваме дека Универзумот ќе ви помогне и ќе ви го покаже патот кон вистинската среќа.
12. Закон на акција – Универзумот секогаш нè предупредува–мора да бидеме во состојба да ги контролираме своите постапки.
13. Закон на прифаќање – животот понекогаш нè тестира, но прифатете го неговиот тек. Сè додека му се опирате и бегате од проблемите, тие ќе ве прогонуваат.
14. Закон на дуалност – постојат две сили кои управуваат со Универзумот – јинг и јанг. Кога ќе успеете да воспоставите рамнотежа помеѓу нив ќе ја почувствувате вистинската убавина на целосната хармонија.
15. Закон на складност – со овој закон, Универзумот ни дава важна лекција – неопходно е да воспоставите рамнотежа помеѓу телото, умот и духот. Тоа е клучот за напредувањето.
16. Закон на свеста – со цел Универзумот да ги слушне нашите желби и да ни ги сфати соништата, мора да го сфатиме принципот на којшто функционира.
17. Закон на циклусот – нашиот живот се состои од различни циклуси кои траат од 9 до 12 години. Достоинствено прифатете ги и уживајте во секој од нив.
18. Закон на судбината – судбината претставува збир на искуства и поуки кои сме си собрале во текот на животот. Секој од нас има своја судбина којашто треба да ја исполни. Меѓутоа, со почитувањето на одредени закони на Универзумот, се вртиме кон позитивниот бран на судбината.
19. Закон на Дарма – највисоката цел на сите работи е да го почитуваме поредокот на космосот. На тој начин привлекуваме добра карма.
20. Закон на привлечност – Го привлекуваме она што сме. Љубовта привлекува љубов. Доброто привлекува добро.
(О)Милена | Црнобело