Глутенот е штетен и уште 7 популарни митови за храната

Освен ако немате целијакија или друг проблем со здравјето, нема потреба да го избегнувате глутенот бидејќи не е воопшто штетен. Дали верувате во некој популарен мит за храната?

glutenot-e-shteten-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-hranata-01.jpg

Митовите за храната се сеприсутни, а пред развојот на науката, не ни имало начин како да докажеме дека се погрешни.

Па, не е никакво изненадување што многумина веруваат во стари митови кои денес се побиени.

Во продолжение, неколку популарни митови и верувања за храната и вистината зад нив:

Кавијарот отсекогаш бил луксузен деликатес

Денес кавијарот е еден од најскапите деликатеси и може да достигне цена до неверојатни 35,000 долари за килограм.

Но, ова не било отсекогаш вака.

Најдобриот кавијар се добива од рибата есетра, а оваа риба не била воопшто ретка во 19-тиот век.

Во Америка, кавијарот бил толку достапен, што наводно го нуделе во барови, и тоа бесплатно, како додаток со пијачката.

Во Европа, пак, рибарите го фрлале кавијарот или го користеле како храна за свињи.

Денес овие риби се на раб на истребување поради претераното ловење, но и уништувањето на нивните живеалишта од страна на човекот.

glutenot-e-shteten-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-hranata-02.jpg

Кафето отсекогаш било популарно

Денес ретко ќе најдете личност која не пие кафе, но во минатото ретки биле оние кои уживале во пијалакот.

Кога кафето се појавило во Европа, според некои записи, Британците го нарекувале „горчлива и смрдлива вода“.

Сепак, со текот на времето луѓето си го менувале мислењето, почнале да се појавуваат и нови видови на приготвување, па денес ова е најпопуларниот пијалак во светот.

glutenot-e-shteten-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-hranata-03.jpg

Замрзнатиот зеленчук не е здрав колку свежиот

Точно е дека има разлика во вкусот кога приготвувате замрзнат и свеж зеленчук.

Но, кога станува збор за хранливите материи, генерално не е многу важно дали зеленчукот е свеж или замрзнат.

Истражување од 2017 година покажало дека не само што нема голема разлика во хранливите материи, туку и дека во некои случаи, замрзнатиот зеленчук содржел повеќе витамини и минерали од свежиот.

Слични резултати се добиле и за замрзнато и свежо овошје.

glutenot-e-shteten-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-hranata-04.jpg

Кокосовото масло е поздраво од сончогледовото

Постои верување дека сончогледовото масло е штетно. Во реалноста, ако сте умерени, ова масло нема да ви предизвика никакви проблеми.

Сепак поради ова верување, многумина сметаат дека кокосовото масло е подобар избор.

Калориската вредност на кокосовото и сончогледовото масло е иста. Иста вредност има и маслиново масло.

Најголемата разлика е во заситените масти – кокосовото масло има многу повеќе од сончогледовото. Исто така, кокосовото масло има помалку мононезаситени масти.

Што значи, кога ќе ги споредите сите карактеристики, не е многу важно дали ќе користите кокосово или сончогледово масло, сè додека сте умерени.

Нормално, ако имате некаков проблем со здравјето и добиете препорака за одреден вид масло, треба да го слушате вашиот лекар.

glutenot-e-shteten-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-hranata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg