Зошто сме гневни и раздразливи кога сме гладни?

Според науката, навистина можеме да бидеме гневни и раздразливи кога сме гладни, а причината за тоа е ниското ниво на шеќер во крвта кое предизвикува цела низа реакции кои, на крај, влијаат и врз нашето расположение.

zoshto-sme-gnevni-i-razdrazlivi-koga-sme-gladni-01.jpg

Колку пати ви се случило да бидете гневни и нервозни без навидум никаква причина за откако ќе се најадете, да сфатите дека само сте биле гладни?

Оваа појава е толку честа, што во англискиот јазик има и посебен збор за неа - hangry е кованица од зборовите hungry (гладен) и angry (гневен).

Па, зошто сме гневни кога сме гладни?

Зошто чувствуваме глад?

Ако сте личност која ја сака храната, веројатно не ви треба потсетник за да јадете. Но, нашето тело сепак го има тоа – чувството на глад.

По јадење, во нашиот желудник почнува дигестијата на храната и овој процес трае околу 130 минути.

Во последната фаза почнува да се лачи хормон кој создава контракции во желудникот. Откако желудникот ќе се испразни, во него почнува да се лачи и хормонот грелин.

Овој хормон активира одредени неврони кои му даваат знак на мозокот дека е време за јадење, па почнуваме да чувствуваме глад.

zoshto-sme-gnevni-i-razdrazlivi-koga-sme-gladni-02.jpg

Која е поврзаноста помеѓу чувството на глад и раздразливоста?

Истражувањата покажуваат дека чувството на глад навистина е поврзано со чувства како гнев и раздразливост.

Истовремено, овие негативни чувства биле забележани кај голем дел од испитаниците, без разлика на нивната возраст или нивниот пол.

Според експертите, постои точна причина зошто се јавуваат чувствата како гнев.

zoshto-sme-gnevni-i-razdrazlivi-koga-sme-gladni-03.jpg

Најпрво, кога не јадеме подолг период, се намалува нивото на шеќер во крвта (гликоза).

Намаленото ниво, пак, поттикнува лачење хормони, вклучувајќи адреналин и кортизол. Овие хормони се ослободуваат во крвотокот за да го регулираат нивото на шеќер.

А, веќе добро познато е дека кортизолот и адреналинот се хормони кои можат да предизвикаат емоции како гнев и раздразливост.

zoshto-sme-gnevni-i-razdrazlivi-koga-sme-gladni-04.jpg

Истовремено, ниското ниво на шеќер во крвта може да има влијание и врз работата на самиот мозок.

Односно, кога нивото на шеќер е ниско, може да се јави нарушување на некои функции на мозокот, како оние што ни помагаат да го контролираме импулсивното однесување.

Па, поради ова, некои луѓе не само што се чувствуваат раздразливо, туку и се однесуваат гневно кога се многу гладни.

Ако станува збор за личност која веќе има проблеми со темпераментот, чувството на глад може да ги влоши симптомите.

zoshto-sme-gnevni-i-razdrazlivi-koga-sme-gladni-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg