Скриени функции и трикови за употреба на секојдневни предмети што повеќето не ги знаат
Знаевте ли дека фиоката на рерната служи за чување храна која не сакате да се излади, додека на некои пластични садови за храна пишува колкав е нивниот капацитет?
За предметите што ги користиме речиси секојдневно не се ни сомневаме дека можеби ги користиме погрешно. Уште помалку размислуваме за тоа дали можеби имаат некоја скриена функција која ги прави поефикасни.
Сепак, многу секојдневни предмети имаат корисни скриени функции за кои повеќето навистина не знаат.
Неколку вакви предмети во продолжение:
Некои хефталки имаат простор на долниот дел каде што можете да ја чувате муницијата.
На пластичните садови за храна, обично пишува колку литри течност собира внатре.
Повеќето кошули имаат по две копчиња на ракавите, и тоа од практична причина – да можете да ги проширите ракавите ако носите и часовник.
Алкалните батерии се добри за употреба од пет до десет години, а на нив го пишува и нивниот рок на траење.
Трикови во автомобилот
На ретровизорот во автомобилот има мало копче со кое можете да го смените аголот на огледалото доколу ви пречат светлата од автомобилот зад вас.
Ако, пак, не можете да запомните на која страна се наоѓа резервоарот за гориво, само погледнете го симболот на контролната табла. До симболот за гориво има стрелка која покажува на која страна е резервоарот.